Friday, May 20, 2011
Животно " Лемури"
Лемурите живеат во прашумите источно од Мадагаскар. Тие со своите долги нозе скокаат од дрво на дрво или се во потрага по храна на земјата.
Monday, May 2, 2011
Животни во областа на реката Амазон
Реката Амазон има илјадници притоки кои течат низ прашумата. Некои од нив се широки и длабоки,а некои тесни,плитки и полни со лисје, гранки и испреплетено корење од дрвјата. Реките изобилуваат со риба. Меѓу нив има и грабливци (пирана,електрична јагула и араван), коишто излегуваат од водата за да фатат инсекти, па дури и птици.
Речните текови се богат извор на храна и вода и за копнените животни и за луѓето во областа на реката Амазон. Големи површини во прашумата се поплавуваат за време на дождовите, па рибите пливаат меѓу стеблата. Некои на животните (анаконда, јагуар или капибари) се добри пливачи и лесно се движат по поплавените површини. Други пак,мајмуните,игуаните и мравојадите се вчипчуваат за дрвјата за време на поплавите.
Subscribe to:
Posts (Atom)